Од сите работи кои ги забележуваме при првата средба со некого, очите се тие со кои остваруваме прв контакт. Но, некои луѓе не се задоволни со кафеавата боја на совите очи, па сакаат да им се сини.

Лекарот Грег Хомер најде решение за ова, па така во процедура што трае 20 секунди, со ласер кој ги погаѓа клетките ко произведувата кафеава боја ги уништува, и под неа излегува тоа посакувано синило.
Хомер и неговиот тим десет години ја развивале оваа технологија, а за три години ќе биде достапна за пациентите.
За 5.000 долари по око може да ја имате посакуваната сина боја, но запамтете кафеавата не се регенерира, па штом еднаш ја уништите цел живот ќе имате сини оли.
Иако Хомер не гарантира сигурност при процедурата, сепак многу луѓе веќе го контактирале.