Лавица уби лав во зоолошка по 8 години заеднички живот

од desk2
499 прегледи

Зоолошката градина во Индијанаполис се обидува да открие зошто лавицата Зури го нападна и уби лавот Ниак по 8 години заеднички живот. 12-годишната лавица го нападнала 10-годишнишниот Ниак вчера, пред отворањето за посетители.

Заедно живееле 8 години и имале три младенчиња. Ниак е позајмен од зоолошката градина во Сан Диего. Вработените навеле дека слушнале силна бука од просторот за лавови и иако се обиделе да ги раздвојат, Зури со забите го држела лавот сè додека тој не престанал да се движи.

Аутопсијата покажала дека умрел од давење по повреда на вратот. Инаку, претходно животните не покажале агресија или конфликти, ниту меѓусебна нетрпеливост.

Според експертите, вистинска реткост е една лавица да го убие таткото на нејзините младенчиња, пишува BBC.