Лавров: Лидерите на БРИКС се справуваат со реални проблеми, за разлика од Западот

од Vladimir Zorba

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави денеска дека лидерите на БРИКС се справуваат со реални проблеми, за разлика од западните политичари и новинари.

„Ние ги користиме нашите глави и се занимаваме со конкретни прашања“, рече Лавров во интервју за државната телевизија „Русија 1“, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека БРИКС ќе ги координира своите активности со новите членки во меѓународните формати, вклучувајќи ги Обединетите нации и Г20.

Слични содржини