Лавров: Украина и Западот да ги исчистат црноморските пристаништа од мините

од Stefanija Kuzmanovska

Напорите на Турција и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за решавање на проблемот со житото во Украина, одамна ќе дадоа резултати без деструктивната позиција на Киев, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорите со иранскиот колега Хосеин Амир Абдолахиан.

„Напорите што сега ги прават и Турција и генералниот секретар на ОН, одамна ќе беа успешни доколку Украина и нејзините западни господари го решеа проблемот со чистењето на црноморските пристаништа од мините“, истакна тој, пренесува ТАСС.

Шефот на руската дипломатија посочува дека Русија и Иран го осудуваат како неприфатлива практика воведувањето нелегитимни еднострани санкции кои се спротивни на Повелбата на ОН и ги повикува сите независни членки на меѓународната заедница да се борат против таквите практики.

Слични содржини