Лавров: „Војната изби поради желбата на Западот и САД да владеат со светот“

од Vladimir Zorba

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава за „India Today“ изјави дека следната фаза од, како што ја нарекуваат, „специјалната воена операција“, започнала во Украина.

– Операцијата во источна Украина има за цел целосно ослободување на Доњецката и Луганската народна република. Оваа ситуација ќе продолжи и сега почнува следната фаза од специјалната операција – рече тој.

Лавров потоа додаде дека конфликтот одамна би бил решен доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски соработувал во спроведувањето на Договорот од Минск, а потоа рекол дека Западот го предал Зеленски, користејќи го за напад на Русија.

За причината за конфликтот тој ја обвини желбата на САД и Западот да владеат со светот.

– Сакаа да покажат дека нема да има мултиполарност, само униполарност. „Тие ѝ дадоа на Украина отскочна даска снабдувајќи ги со оружје“, рече Лавров.

Потоа додаде дека вистинската причина за војната во Украина е „суетата на повеќето земји по Втората светска војна“.

– Тие ги прекршија ветувањата кон раководството на Русија и почнаа да го поместуваат НАТО на исток, по распадот на СССР. „Тие рекоа дека тоа е одбранбен сојуз, а не закана за руската безбедност“, рече тој.

Одговарајќи на наводите за воени злосторства наводно извршени од страна на руската војска, Сергеј Лавров рече дека нивните сили целеле само воена инфраструктура, а не цивили.

– Украинската армија користи цивили како жив штит. Западот не обрнува внимание на нашите докази, туку привлекува внимание на лаги како онаа во Буча. Ја спомнаа ситуацијата во Буча, три дена откако градоначалникот на тој град објави дека повторно е во рацете на Украина – рече Лавров.

Слични содржини