Лажни вести! Рушење на споменикот на Александар

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Во Македонија почнаа агресивно да се лиферуваат класични лажни вести преку опозициските сајтови, на кои до вчера  тоа не им се случуваше. Платениците  ја надминуваат фазата на пропагандисти туку се пренасочуваат на класични лажни вести.Така беше со вчерашната вест за рушењето на споменикот на Александар на плоштадот Македонија во Скопје. Тоа донесе не толку голема маса на протестанти кои демек ќе го бранеле споменикот.

Откако   група граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје за да го одбранат споменикот на Александар Македонски, односно „Воин на коњ“, од наводно отстранување, единствено со реакција се јавија  и Министерството за култура.

 „Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје. На Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати. Секоја друга поинаква информација е лажна вест“, стои во реакцијата од министерството објавена на официјалната Фејсбук страница.
Сепак време е да се огласат медиумските организации, Советот за Етика , ЗНМ и да го етикетраат фејк њузот  или лажните вести , кои земаат серизен замав кај некои медиуми, со што ги доведуваат во заблуда граѓаните и можат да предизвикаат несакани последици. Колку тоа е стартегија на партиите, колку влијание на руската пропагандна машинерија која не го крие тоа влијание, или став на поединци треба да се реагира како со регулативните така и со саморегулативните тела./Ка