Пејачот Дарко Лазич започна да се бори со прекумерна тежина по сообраќајната несреќа која ја имаше во октомври 2018 година. Потоа имал болки бо колковите поради што вишокот килограми започнаа да му сметаат. Неодамна замина под нож и го намали желудникот.
На својот Инстаграм профил објави фотографии на која се гледа сека е значително послаб него порано, а неговите пријатели му коментираа како се преполовил. По операцијата истакнал дека мора да внимава на исхраната, а неговата диета вродила со плод.
– Килограмите ми претставуваа голем проблем и барав начин да ги намалам. Движењето ми претставуваше проблем поради нив.Освен тоа, крвната слика ми беше лоша па можеше да настане и поголем проблем. Не можев нормално да се движам бидејќи бев во постојани болки, што многу ме мачеше – рекол Лазиќ за српски Блиц.
Сега деновите Дарко ги минува со својата свршеница Марина Гагиќ, која се грижи за него и за неговата исхрана. Тој смета дека таа е идеална жена за него, иако разликата меѓу нив е осум години.
Српскиот пејач со свршеницата го има синот Алекс, а сега планира својата врска да ја круниса со брак.