Лефков: Судот на Сокол наместо да му определи притвор само му одзема пасош

од Даниел Ѓорѓиевски
21 прегледи

Не е чудно зошто СДС грчевито се бори за корумпираните судии и ги брани со последни сили. Тие се последниот бедем на нивната криминална империја, обинува пратеникот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Корумпираните судии кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој шетал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство, прашува пратеникот.

Ова се истите судии кои го ослободија убиецот на Фросина, судиите кои под влијание на Наќе Ѓеоргиев и Иџет Мемети му дадоа поблага казна на Боро Марлборо, судиите кои ги чуваат криминалците од СДС. Ова се судиите кои во своите домови имаат штабови на СДС. Од ова е јасно зошто мора да има реформи во судството. Со вакви одлуки довербата во судството ќе го пробие дното. Ќе нема ниту еден граѓанин кој ќе верува, додава Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини