Легенди, политичари, актер, супермодел … Погледнете го списокот на гости на финалето на ЕП

од Vladimir Zorba

МЕЃУ 60.000 навивачи кои ќе го следат финалето на Европското првенство меѓу Италија и Англија на „Вембли“ е група на специјални гости на УЕФА, чиј состав беше објавен денес.

На списокот, меѓу другите, има водачи на УЕФА и ФИФА, потоа принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт и синот Џорџ, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон и претседателот на Италија – Серџо Матарела.

Англија ќе ја претставуваат и легендите на фудбалот Вејн Руни, Дејвид Бекам и Геоф Хрст, а Италија Фабио Капело, Алесандро Неста и Џанлука Замброта. Ќе има многу други легенди во фудбалот.

Интересно, на списокот се и славниот актер Том Круз и супермоделот Кејт Мос.

Финалето започнува во 21 часот.

Слични содржини