Откако оперирале една постара пациентка лекари во Русија останале зачудени, затоа што од нејзиниот желудник извадиле 152 различни метални предмети.

Имено, жената за сосема друго дошла во болница, но лекарката забележала нешто чудно, па направила ендоскопија на желудникот. Иако на грлото и хранопроводот на жената немало видливи оштетувања, а таа во желудникот имала шајки, штрафови, делови од кваки, резиња, па дури и делови од арматура долги по 15 см.
Докторката се обидела со ендоскопот да извади некои делови, но успеала да дофати само четири шајки, по што ги повикала хирурзите.
Тие од желудникот извадиле 152 железни предмети кои веќе почнале да оксидираат.
Никој не може да каже колку време предметите биле во желудникот, а пациентката која е на возраст од 70 години не може да каже, со оглед на тоа што не зборува по мозочниот удар.
https://www.facebook.com/RTnews/posts/10156306784394411