Леонардо ди Каприо ужива целосно во вниманието што го добива од медиумите, колеги и критичари за неговата улога во “Враќањето”, која веќе му донесе “Златен глобус”, а наскоро можеби и долгоочекуваниот “Оскар”.dab68a8326ef0c545b99cbea2f959fcc

И иако пред еден месец се раздели со уште една сексапилна русокоса, Кели Рорбах, тој нема намера да го слави успехот во осаменост, туку токму спротивното.

По премиерата на лентата во Лондон, Ди Каприо бил забележан дека се забавува видно со 4 русокоси убавици.

“Девојките беа како по калап и точно по вкусот на Леонардо – многу убави, високи и со платинесто руси коса. Не му требаше долго време за да ги внесе во Клариџ, каде беше сместен “, откри извор за Sun.

Очевидец издаде уште дека Ди Каприо потрошил стотици евра за скапа вотка, која ја поделил и со колегата Лукас Хас.

Малку подоцна друг човек од опкружувањето на ѕвездата коментира пред MailOnline дека тој си заминал сам во хотелската соба и следниот ден веднаш тргнал кон Рим, каде што била следната премиера на “Враќањето”. Таму повторно го очекуваа цел куп обожавателки, а една дури му напишала љубовна белешка и добила за тоа бакнеж од актерот … на образот.

Слични содржини