Летен водич за „сингл“ девојките

од desk2
207 прегледи

Ова лето сте „сингл“ девојка и мислите дека ве очекува празно и досадно лето. Но, знаете ли што? Тоа зависи само од вас и затоа претворете си го летото во највозбудливата авантура во вашиот живот.

Многу е важно да знаете дека „сингл“ значи сам да се решиш на слобода, и да не дозволуваш други да влијаат на твојата одлука.

Тоа би значело дека длабоко во себе сеуште не сте спремни за љубов и компомис. Затоа ова лето е вистинско време за работа на себе, за инспирација и забава.

За вас имаме неколку идеи како, многу забавно, но и практично, да си го поминете вашето „сингл“ лето:

1. Размислете кои ви се вашите желби и потреби

Ова лето е вистинско време за работа на себе. Целото време посветете го на себе, за да одлучите во кои животни сегменти сакате да се насочите и усовршите. Можете да одите на некаков курс, да научите некаков јазик, или да продолжите со некое одамна запоставено хоби. Да уживате во запознавање на своите квалитети и потсетете се кои сте всушност вие. Кога повторно ќе се пронајдете себеси, ќе сфатите колку всушност обврските ве оттргнале од вашите квалитети, и ќе видите дека многу голем дел од квалитетите, сте заборавиле дека ги поседувате. За многу кратко време, ова лето ќе стане многу важно за вас и секој ден ќе ви започнува со насмевка.

2. Не заборавајте да се забавувате

Тоа што ова лето сте сами не значи дека треба да седите дома, да гледате романтични филмови и да јадете сладолед во неограничени количини. Напротив, тоа е вистинско време за да излезете и лудо да се забавувате. Ова лето можете да го поминете на базен, со другарките или сами, со омилената книга. Можете да се забавувате во вечерните излегувања, кога ќе ви се укаже таква прилика, да танцувате на омилената музика и бескрајно да уживате во ритамот на летото, секаде околу вас. Опуштете се и препуштете му се, заборавете ги сите граници, намалете ги бариерите и ќе видите дека токму во тие моменти пред вашата врата ќе дојде совршената шанса за вас.