Левица: СДС е најантиевропска партија во Република Македонија

од Vladimir Zorba

„Регресивната, антимакедонска, авторитарна, криминална, злосторничка бизнис партија СДС е изразено и најантиевропска партија во Република Македонија. За ова сведочат бројки и факти – во нивно време ги добиваме историски најлошите извештаи од ЕК кои забележуваат регрес во сите ресори. Пред сѐ тие се криминалци кои ја издигнаа корупцијата на светско ниво“, соопшти денеска портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

„За нив европски вредности се состојат во злоупотреба на европското знаменце за да амнестираат луѓе како Рамиз Мерко кои се наоѓаат на црната листа на САД – и по секоја цена да се внесат Бугарите во Уставот. Ова е влада на Анѓушевци и олигархијата, и сега следи ново вето од повлијателна држава поради состојбата со корупцијата.“, порача тој

Слични содржини