Левица за претседател на државата „ќе трча“ со професорката Ванковска

од Nikola Popovski

Партијата Левица го објави името на кандидатот за претседател со кого ќе „трчаат“ на изборите, а тоа е професорката Билјана Ванковска. Лидерот и пратеник на партијата, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција порача дека Левица стигнала до „ниво на кое што веќе го полага матурскиот испит, а тоа е собирање на 10 илјади потписи, кое планираат да го завршат успешно“.

-Со изборот на двете помали зла, стигнавме на ова дереџе и мислиме дека е круцијален момент, каде што ние како млада генерацина на атипични политичари чувствуваме должност да извадиме квалитетен кандидат на овие избори. После сите наши внатрепартиски анкети, најдобриот скор го имаше професорката Ванковска. Таа ја прифати понудата и мислиме дека конечно е дојдено време народот да избере солиден кадар, рече Апасиев.

Професорката Ванковска изјави дека се чувствува како дел од тимот, иако не е дел од партијата.

-Многумина од вас се сеќаваа на времињата кога велеа дека: „Да отвориш фрижидер ќе ја најдеш професорката Ванковска“, затоа што коментирав настани, кога другите молчеа. Сте сме гледале во разни движења и протести. Мојата основа функција е професорската, порача меѓу другото Ванковска.

Професорката пред 10 години се обиде да се кандидира за претседател на државата, но не успеа да ги собере потребните потписи како независен кандидат.

-Она што лично ме доближува до Левица е патриотизмот преплетен со левичарството. Јас немам идеја што содржи таа работна верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори. Тие не се мешаат во тоа што го работам, ниту јас барам, истакна Ванковска.

Слични содржини