Лицата со дијабетес утре излегуваат на протест пред МЗ

од Nikola Popovski

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија најави дека во петок во 19 часот ќе протестира пред Министерство за здравство, бидејќи не добиваат терапија. Тие во соопштение до јавноста велат дека се потрошило нивното трпение и дека поминале сите рокови Министерството за здравство и Владата да им набави инсулин, и дека се чувствуваат изманипулирани што децата со оваа состојба немаат пумпи, сензори и глукомери.

„После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица си дијабетес на Инсулин.
Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ! “, стои во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Од Сојузот велат дека протестот пред Министерството за здравство ќе биде предупредувачки мирен протест за безбеден и квалитетен живот на лицата со дијабетес.

Преку програма, глукомерите и лентите ги обезбедува Министерството за здравство.

Слични содржини