Лилард уште две сезони во Портланд: Блејзерси издвоија вртоглави 120 милиони долари

од Vladimir Zorba

Демијан Лилард го продолжи договорот со Портланд на уште две сезони.

Иако долго се шпекулираше дека најдобриот играч на Блејзерс можеби ќе ја смени средината по неуспехот во плеј-офот во последните сезони, плејмејкерот реши да остане во Орегон.

Американецот, кој во последните сезони потенцираше дека е незадоволен од амбициите на тимот, договорил двегодишно продолжување на соработката, според кое ќе заработува вртоглави 60 милиони долари по сезона, што е најмногу во НБА.

Во 2012 година, Портланд го избра како шести пик од првото коло. Шест пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварот. Беше член и на идеалната петорка на лигата, додека во 2013 година беше избран за Дебитант на сезоната.

Слични содржини