Лимузината на Ердоган е главна ѕвезда на посетата во Белград: Отпорна е на куршуми

од desk2
495 прегледи

За време на денешната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Белград, најголемо внимание привлече неговата службена лимузина.

Станува збор за опасна „ѕверка“ – Mercedes Maybach 62 S – автомобил за кој турските медиуми многу пишуваа во изминатиов период.

Возилото е целосно блиндирано, отпорно на куршуми, со затемнети стакла, а се шпекулира дека со сите подобрувања и додатоци, лимузината вреди околу половина милион евра.

Со новата лимузина Ердоган неодамна беше во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН, а со истото возило беше и во посета на Сараево, кога големо внимание привлекоа неговите телохранители кои трчаа околу возилото во кое се возеа Ердоган и Емине, првата дама на Турција.

За каква моќна и вредна „ѕверка“ станува збор најдобро укажува фактот дека и рускиот претседател Владимир Путин изрази заинтересираност за лимузината, па дури и посака да ги замени службените возила со Ердоган.

Слични содржини