
Често се користи како лек можеби ја крие тајната однсно е клуч за долговечноста, барем за мувите, се вели во истражувањето, цитирано од BBC News.
Во мали дози литиум го продолжил животот на овошните муви при лабораториски експерименти. Истражувачите велат дека откритието е “охрабрувачки” и би можело да доведе до создавање на нови лекови кои ќе импомогнат на луѓето да живеат подолго и да се во подобра здравствена состојба.
Литиум се користи во психијатрија при промени во расположението, но високите дози носат ризик од сериозни несакани ефекти.
Влијанието на елементи врз мозокот не се целосно сфатени, но кај овошните мушички лекот се чини го продолжува животот, ја блокира хемикалија позната како GSK-3.
Истражувањето објавено во Журнал Cell Reports, открил дека мушичктеи, на кои им се давани мали дози од литиум живееле за 16 проценти подолго. При високи дози сепак литиум го скратува времетраењето на нивниот живот.
“Утврдивме дека мали дози не само што го продолжуваат животот но и го штитат телото од стрес и го запираат производството на масти кај муви кои се богати со шеќер при исхраната”, објаснува д-р Ивана Бједов од Лондонскиот универзитетски колеџ.
Литиумските соли се користат во минатото како здрав тоник и за лекување на состојби како мигрена и гихт. При високи дози постои ризик од тешки несакани ефекти.