Ливерпул го освои Лига купот, Кепа трагичар за Челзи после 22 пенали!

од Nikola Popovski

Неверојатна драма е видена вечерва на „Вембли“ во финалето на Лига купот на Англија, кое го освоија фудбалерите на Ливерпул.

Трофејот дојде по пенал серијата и дури 11 серии, а сите можни играчи од теренот ја погодија мрежата.

Дури и резервниот голман на Ливерпул, Келехер го погоди 21-от пенал, а потоа следеше првото и единствено промашување од Кепа Аризабалага, голманот кој го заменик Едуардо Менди го внесе Томас Тухел, само за да одбрани во пенал-рулетот.

Шпанецот не успеа да одбрани ниту еден од 11-те удари на Ливерпул, а потоа самиот ја испрати топката далеку на трибините за крај на драмата во Лондон.

Кога станува збор за самиот натпревар, Челзи имаше шанси преку Кристијан Пулишиќ и Мејсон Маунт, додека Мохамед Салах двапати промаши за „црвените“.

Во 67. минута беше поништен гол на Сади Мане поради претходен офсајд, а потоа на другата страна на Каи Хаверц во 78. минута.

Истото му се случи и на Ромелу Лукаку во продолжението, каде не видовме повеќе возбудувања додека не дојдоа пеналите.

На крајот Ливерпул го освои 9. трофеј во Лига купот и со тоа стана рекордер на ова натпреварување.

Слични содржини