Лога од САД: Американско-македонската соработка има витално значење за иднината на граѓаните

од Nikola Popovski

Министерот за правда, Кренар Лога денеска одржал средба во Департментот за правда на САД, со високи претставници на чело со заменик-помошникот јавен обвинител и советник за меѓународни односи, Брус Ц. Сварц.

Од ресорот што го предводи, соопштија дека изразил благодарност за придонесот и инвестициите на САД низ годините за правосудниот систем и стратешкото партнерство меѓу двете земји.

-Разговаравме за реформите во правосудството, стратегијата 2023-2027 година, уставните измени и нивното значење за евроатлантската иднина на државата, новиот Кривичен законик, рокот за избор на републички обвинител, системот за распределба на предметите во правосудството – АКМИС. Ги информирав домаќините и за системот и состојбата на затворите во земјава, како и за предложениот закон за амнестија. Билатералната соработка со САД мора да продолжи и да се продлабочува бидејќи за РСМ оваа соработка имала и има витално значење за иднината на граѓаните, изјавил Лога на средбата.

Слични содржини