Лондон ќе ја заостри миграциската политика

од Vladimir Zorba

Британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател, предупреди денеска дека Лондон ќе ја заостри својата миграциска политика поради масовното пристигнување на мигрантите преку Ла Манш, коi гi обвини за „одење на шопинг“ во неколку земји, барајќи азил.

Обраќајќи се на годишниот конгрес на владејачката Конзервативна партија, министерот вети дека ќе ја спроведе најголемата реформа во системот за апликација за азил следната година, но не даде други детали.

„Но, ќе бидам искрена, ќе биде потребно време“, рече Прити Пател, додавајќи дека ќе го забрза „оперативниот одговор на илегалната имиграција“.

Според неа, властите веднаш ќе ги враќаат лицата кои влегле илегално секоја недела. Пател додаде дека е среќна што „Брегзит“ ќе и овозможи на британската влада „за прв пат по неколку децении“ да одлучи кој може да влезе и да ја напушти земјата.

Министерот ги обвини барателите на азил дека патувале во Европа „како на шопинг“ во потрага по азил, за на крај да го преминат Ла Манш и на тој начин „да ги наполнат џебовите на одвратните криминални групи“.

Велика Британија неодамна се соочи со рекордни обиди да влезе во земјата од Франција преку Ла Манш. Тие обично се превезуваат со несигурни чамци на шверцери.

Британските медиуми објавија дека Лондон планира неколку опции за да ги обесхрабри мигрантите да дојдат, меѓу кои е да ги испрати на британските територии среде Атлантик или да ги смести на стари бродови претворени во центри за мигранти.

Според француските власти, оваа година 6.200 мигранти се обиделе да го преминат Ла Манш со гумени чамци, кајаци, па дури и со елеци за спасување. Пандемијата ги засили тие движења, според британската агенција за борба против криминалот (НЦА).

Слични содржини