Серија колекционерски монети, посветени на 65 годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора, ќе бидат пуштени во оптек на 6 февруари од Кралскиот монетен двор.
Ова е прв пат во кој земјата забележува таков јубилеј на свој монарх на функцијата. Монетите во чест на настанот ќе бидат пуштени со неколку номинални вредности и ќе бидат направени од различни видови легури.
Меморијалната монета од 5 фунти ќе чини 13 фунти. Оваа со номинална вредност од 1.000 фунти, изработена од чисто злато, пак ќе чини 49 995 фунти. Секоја една од специјалните монети ќе биде со поинаква слика.
Од едната страна ќе биде ликот на кралицата во профил. Од другата страна на петпаундовата монета ќе биде прикажана круната на Британската империја и цитат од 21-от роденден на Елизабет.
На монетите од 10, 500 и 1000 фунти пак ќе има слики на британскиот грб.
Елизабета Втора застанува на британскиот престол на 6 февруари 1952 година, кога таа е само 25-годишна. Во септември 2015 година, таа го победи рекордот за најдолго управување на кралицата Викторија, а во изминатата година го прослави својот 90-годишен јубилеј.