Промените во однесувањето е највпечатливо кај јагулите, кои од април до октомври мигрираат низводно.

Граѓаните на Лонднон, Велика Британија толку многу земаат кокаин што јагулите од Темза станаа хиперактивни, покажуваат резултатите спроведени на делот од реката во близина на зградата на парламентот.
Дрогата која од урината на корисниците стигнува водотеците не би требало да биде толку концентрирана затоа што постојат постројки за пречистување на канализацијата, но се докажало дека вообичаените методи не можат да се изборат со последиците од големиот раст на наркоманијата.
Научниците забележале и поголеми количини кофеин што придонесува за се поголеми нарушувања во екосистемот на реките. Промените во однесувањето е највпечатливо кај јагулите, кои од април до октомври мигрираат низводно, па нивното однесување е се похаотично.
Овој загрозен вид и вала мора да преброди големи препреки на долгиот пат и научниците се загрижени дека овој тренд ќе се одрази на нивната популација.
Ефектот на копно е погубен. Минатата година во Велика Британија речиси за четири пати се зголеми бројот на смртни исходи поради кокаин па во милион жители забележани се 7,5 случаи на смрт.
Островјаните се лидери во Европа по конзумирање на оваа дрога, а за се поголема смртност стручњаците, меѓу другото ги обвинуваат и се поголемата чистота на кокаинот кој може да се купи на улица, како и порастот на производство во Колумбија што доведе до апд на цената.