Лондон: Владата нема да ја зголеми понудата за платите на здравствените работници

од Stefanija Kuzmanovska

Британската влада денеска соопшти дека нема да понуди поголемо зголемување на платите на медицинските сестри и екипите на брзата помош за да ги прекинат штрајковите за кои вели дека вршат притисок врз веќе преоптеретениот здравствен систем.

Владата во Лондон објави дека ќе испрати 1.200 војници за да ги заменат возачите на брзата помош кои штрајкуваат, како и персоналот на царината, кои треба да прекинат со работа подоцна оваа недела, објави АП.

Британската влада нагласи дека не може директно да се вклучи во преговорите за платите меѓу синдикатите и работодавачите.

Слични содржини