Во Турција има опасност од нови напади , соопштуваат британските медиуми, повикувајќи се на свои извори од Министерството за надворешни работи на Велика Британија.
Постои зголемена опасност од терористички напади во воздухопловни објекти во Турција, се наведува во пораката на Министерството за надворешни работи.
Предупредувањето доаѓа неколу часови откако непознат пукаше во истанбулскиот елитен ноќен клуб “Реина”. Во нападот беа убиени 39 лица, а други 69 беа повредени, меѓу нив 16 странци .
За оваа причина Лондон ги предупреди поданиците на Обединетото Кралство, кои планираат патување во Турција, за можност од нови терористички напади во земјата