„Лоши резултати на фронтот“: Шојгу го смени генералот кој ги предводеше силите во Бахмут?

од Stefanija Kuzmanovska

Руските воени блогери шпекулираат дека руското министерство за одбрана го сменило генерал-полковник Андреј Сичевој од неговата функција како командант во Бахмут поради лошите резултати на бојното поле јужно од градот, во близина на Клишчеивка и Андрејевка, наведе Институтот за проучување на војната (ISW) во извештајот од 2 октомври.

Според ISW, „Бура З“ на први октомври предложила руската воена команда да го отстрани Сичевој затоа што извршувал контранапади кај Андрејевка и Клишчеивка кои биле „неподготвени и неподдржани“, објави „Киев Индипендент“.

Тој командуваше со Западната група на сили во регионот Харков до неговата смена во септември 2022 година, а неговата моментална позиција во руската армија е непозната.

Претходно оваа недела, ISW објави дека украинските сили напредуваат во близина на селото Орихово-Василевка, кое се наоѓа 11 километри северозападно од Бахмут во Доњецката област.

Слични содржини