Лоши вести за љубителите на оралниот секс

од Vladimir Zorba

Оралниот секс во моногамните  парови или оние со постојани партнери не би требало да крие ризици, но…

Новото  истражување покажува дека мажите кои применуваат слични милувања на повеќе од една партнерка, се
изложени на поголем ризик да заболат од рак на грлото и усната шуплина. Иако процентот на болеста да е релативно низок во споредба со другите видови на рак – 0.7 проценти  е кај мажите и дури помалку кај дамите. Бројот на
претставници на посилниот пол, дијагностицирани со орофарингеални рак е двоен во последните 20 години.

Поголемите  прогнози за САД  предвидуваат до 2020 болни  од оваа болест да се повеќе од оние со рак на матката.

Причината за двете е вирусот на хуманиот папилома или ХПВ. Доктор Д’Соуза од Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health појаснува дека овој тип заболување кај жените е исклучително ретко и не е под влијание на бројот на партнерите.
За сметка на тоа мажите кои имале повеќе од 5 партнерки со кои имале орален
секс и се пушачи се најзагрозената од орофарингеални рак група со ризик од 15% да развијат малигни заболувања

Пушачите со 2 до 4 партнери се изложени на ризик од 7%, а непушачите со ист број на партнери – за 4%.
Мажите со еден постојан партнер кои не пушат се најбезбедните   – нивниот ризик е само 1,5%.


Ричард Шо од Центарот за рак студии на Универзитетот во Ливерпул коментира дека е добро да се размисли вакцинирањето против HPV не само на девојките, но и за момчињата. Тоа само по себе нема да го елиминира ризикот од рак на грлото и усната шуплина, ако продолжите да пушите и да претерувате со алкохолот, предупредува тој.

Слични содржини