Отцепувањето на православната црква на Украина од московската патријаршија предизвика лавина критики. Миодраг Шориќ смета дека почесниоот примат на патријаршијата од Константинопол е надживеан, пишува Дојче Веле
Патријархот Вартоломеј кој е на чело на православната црква на верниците во Украина им даде автокефалност, односно независност. Тоа го стори на своја рака, наспроти советот на другите бискупи и со тоа го прекрши црковното право, т.н. „канони”. Тој противречеше и на одлуките за Украина, кои самиот ги донесе пред неколку години. Реакциите би можеле да бидат и полоши. Други патријархати одбиваат послушност на Вартоломеј. Го критикуваат дури и членови на светиот синод на грчката православна црква. Свештени лица од Полска и Чешка се против Вартоломеј. Со неверување реагираат и преку 2 илјади свештените лица од црковната република на Света Гора.
Аплауз имаше од американскиот секретар за надворешни работи, поранешниот потпретседател Џо Бајден и еден поранешен шеф на ЦИА. Вашингтон ја поддржува поделбата на црквата во Источна Европа. Влијанието на Москва, па дури и ако се работи само за црковното, во Украина треба да биде намалено. Од американска гледна точка тоа е легитимна постапка. Задршки од црковен аспект и онака за повеќето Американци се „шпанско село”.
Зошто во денешно време да се држат луѓето до црковни заклучоци донесени во четвртиот век? Америка се сфаќа како татковина на слободата, а особено на верската слобода. Земја, во која со векови бегале луѓе кои на други места биле прогонувани. Но, и земја во која постојано настануваат нови верски движења како саентолоџи, мормоните, сведоците на Јехова, безброј евангелистички цркви на црковното будење. Од САД се обидуваат со многу пари да го мисионираат светот, па и Источна Европа.
Патријархот под притисок од еден претседател
Патријархот Вартоломеј требаше да си даде повеќе време за одлуката и тоа мораше така да биде. Одлуки од историско значење мора да бидат носени во согласност со сите засегнати и во склад со црковното право. Но, патријархот во Истамбул дозволи да биде ставен под притисок особено од украинскиот претседател Порошенко. Тиј се реизбор кон крајот на годинава. Според анкетите има многу мала поддршка бидејќи економијата на земјата е во лоша состојба, недостигаат странски инвестиции, расте корупцијата, а на истокот на земјата се уште нема мир. Порошенко се надева дека преку основање на украинска национална црква ќе добие повеќе гласови. Многу Украинци се скептични, големо мнозинство на православните верници ќе останат со москиовскиот патријархат односно со канонски легитимната црква. Она што единствено ги обединува со новосоздадената црква е нејзиниот ривалитет со Русија.
Константинопол е историја
Соочување со модерната, политичката и општествената реалност не им е јака страна на православните национални цркви. Грчката црква, на пример, се уште зборува за патријархот од „Константинопол“. Метрополата која некогаш била главен град на Источното римско царство веќе стотина години се вика Истанбул. Влијанието на патријархот чие седиште е таму не може да се спореди со она на неговите претходници во историскиот Константинопол. Зошто и понатаму тој е почесен поглавар на православието? Бидејќи во средниот век било така? Бидејќи Грците се надеваат дека повторно „ќе го освојат” градот? Тоа е апсурдно. Почесното поглаварство е надживеано! Но, наместо да обединува тоа придонесе кон раздор и спорови – денес во Украина, во Естонија или Бугарија, а наскоро може и во други делови од светот.
Колку што е и вознемирувачки и трагичен црковниот спор од претходните недели, толку може да донесе и нешто позитивно: националните цркви може решат да станат „подемократски“ и истовремено порамноправни :секоја година друг патријарх да го презема почесното поглаварско место. Демократија и рамноправност поттикнуваат отвореност и толеранција. И така никој нема да може долгорочно да не ги почитува договорените правила.