Љубов во време на корона: Паровите ќе се заколнат на вечна љубов само пред матичар

од Берта Китинска
382 прегледи

Оние кои сакаат да стапат во брак за време на пандемијата можат тоа да го сторат  само во среда и петок со двајца сведоци и матичар во канцеларијата на Управата за матични работи.Поради епидемијата порта “Македонија”  е затворена за било каква посета.

Владата  донесе забрани за јавни масовни собири. Во овој дел се опфатени и  приватните собириРестораните во кои се организираа свадбени, крштевки се  затворија.

Многу парови со свадби закажани за месецов или април, па и мај, се борат со одлуката дали да ја одложат прославата за во летниот период или пак за догодина. Сега за сега останува опцијата само регистрацијата во матичната служба.

Додека пак во Чешка дозволено во една од мерките како заштита од корона вирусот наведено е дека се дозволува максимум 30 гости на свадби и 100 лица на погреб.

Слични содржини