За разлика од претходната недела, во оваа ќе има повеќе несогласувања во љубовните односи. Многу е важно да ги размислувате активностите и зборовите, за да не зажалитево подоцнежна фаза. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.
Овен
За овните претстои динамична недела, во која нема да недостасуваат несогласувања со партнерот. Обидете се да ја разделите приватноста од професионалните обврски. Проблемите во работата ќе се пренесат и во односите со саканиот човек. Размислете дали вреди да предизвикувате негодувањата на партнерот.
Бик
Можно е крај тебе да има познат хаос, но за среќа тоа нема да влијае на вашата врска. Заедно со љубениот ќе успеете да одржите добра комуникација. Всушност, тој или таа ќе бидат вашето спасение во оние моменти во кои се чувствувате изгубени, збунети. На крајот на неделава поминете некое време само за вас двајцата.
Близнаци
Голем дел од Близнаците ќе сакаат да направат промени во однос на нивните кариери. Новиот почеток е поврзан со искушенија, понекогаш тешкотии. Иако ја гледате промената како нешто покомплицирано, партнерот ќе е оној кој ќе ви напомни колку силно сте сакале овој ваш сон да се оствари. Иако сега мислите повеќе за работа, одвојте време и за романтика.
Рак
Во оваа недела голем дел од врзаните Ракови ќе се чувствуваат како нивната партнерка да е нивната најголема пречка за постигнување на успех во кариерата во овој момент. Од клучно значење е да се надминат несогласувањата, задржувајќи го добриот тон. Во спротивно, ако недоразбирањето меѓу вас продолжи, тоа може да доведе до крај на вашата врска.
Лав
Комуникацијата со партнерот оваа недела ќе биде забележителна. Меркур останува во вашиот сектор на врската до сабота и ќе се поврзе позитивно со неколку планети меѓу понеделник и четврток. Заедно со љубениот ќе треба да донесете витално решение. Најубавото е дека ќе се потпирате еден на друг. Ви претстои една интересна и пријатна недела.
Девица
Ако неодамна сте сретнале некого, ќе сакате тој или таа да открие пред вас повеќе интимни детали. Но за спротивната страна е сè уште рано, непријатно ѝ е да се открие целосно. Почитувајтее ги желбите на саканиот/ата и бидете трпеливи. Ако се наоѓате во сериозна врска со вашата сакана ќе сакате да се стави нов почеток во животот. Сонувајте храбро!
Вага
Нестабилност и влошување на односите ќе бидат суштински дел од љубовниот живот оваа недела. Марс се движи низ вашиот сектор на врската и е причина со вашата сакана да не се разбирате особено добро.
Ова се случува бидејќи Марс ќе биде во спротивност оваа недела со други две планети – Плутон и Уран. Затоа се можни гневни испади, за кои ќе жалите во подоцнежна фаза. Обидете се да го поправите односот со саканиот човек пред да излезе надвор од контрола.
Скорпија
Оваа недела сончевото затемнување ќе падне во вашиот сектор на љубовта. Ова ценети Скорпиони, значи дека ако досега сте биле сами во љубовта, позитивните промени во вашиот живот допрва ќе започнат. Можно е да сретнете некого или веќе да сте го пронашле. Тој или таа ќе открие многу за себе пред вас, а вие ќе останете силно импресионирани.
Стрелец
Врзаните Стрелци ќе останат разочарани од љубовниот живот. Некаква нестабилност и неоправдаване на очекувањата поврзани со романтиката ќе ве натера да размислите врз вашата врска. Не заборавајте дека вашето однесување исто така придонесува за настаните кои ви се случуваат. Бидете пронајдени пред партнерот и не ја пропуштајте комуникацијата.
Јарец
Ќе почувствувате некаков внатрешен напон што ќе ви ги одвои мислите и времето од безгрижни романтични ѓаволштии со саканиот/ата. Меѓутоа, цело време ќе имате поддршка од партнерот. Обидете се барем еднаш да заборавите за проблемите и да го обрнете потребното внимание на саканиот/ата. Покажете му/ѝи ја вашата благодарност, направете нешто малку за него/неа, некој романтичен гест.
Водолија
Меркур ќе остане во вашиот знак до сабота, а од понеделник до четврток, ќе се поврзе наклонето кон неколку други планети. Како резултат на тоа, комуникацијата со саканиот/ата ќе оди повеќе од добро. Ако сте необврзани, користете го ова како предност и организирајте прва средба со некој кој ви привлекол внимание.
Риби
Меркур ќе влезе во знакот на Риби во сабота и ќе остане во оваа позиција до 13 март. Како резултат ќе можете полесно да ги изразите желбите пред партнерот. Сега е време да планирате нов почеток, потфат во кој сакате да успеете. Ова важи и за љубовта.