Лудница на Максимир: Динамо на Ристовски и Адеми се коцкаше, но повторно обезбеди европско натпреварување

од Nikola Popovski

Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со нов триумф над Лудогорец се пласира во баражот за Лигата на шампионите. Динамо во реваншот го совлада бугарскиот претставник со 4:2 и им останува уште еден чекор за пласман во елитното натпреварување.

„Сините“ се коцкаа на „Максимир“ и за малку ќе изгубеа три гола предност против екипа која имаше играч помалку, но некако успеаа да преживеат.

По 2:1 на првиот меч, Јосип Дрмиќ и двојниот стрелец Мислав Оршиќ им донесоа капитална предност на домаќините веќе во првото полувреме од реваншот, пред да се разигра Лудогорец.

Десподов донесе неизвесност со два гола, иако Јанков беше исклучен во 17. минута поради втор жолт картон. Но, кога и Рик во 72. мораше да оди во соблекувална поради две јавни опомени, јасно беше дека бугарскиот шампион не може да оствари сензација.

Резервниот играч Бруно Петковиќ во самата завршница од пенал го постави конечниот резултат и вкупен резултат 6:3.

Ристовски играше до полувреме, по што беше заменет, а исто така доби и жолт картон. Капитенот Адеми го одигра целиот натпревар.

Динамо се пласираше во плеј-офот каде ќе игра против норвешкиот репрезентативец Бодо Глимт кој го исфрли литвански Жалгирис.

Слични содржини