Ова прашање е старо колку и човештвото и е предмет на многу дискусии.
Единствено смртта е конечна и само неа не можеме да ја избегнеме и победиме, и таа е единствена од најголемите мистерии на светот, бидејќи и покрај големиот број научни достигнувања останала непозната.
Во врска со случувањата по смртта кружат различни приказни кои се однесуваат на „бела светлина“, „ретроспектива на целиот живот пред нашите очи“, а единствен увид за тоа што всушност се случува имаат луѓето кои доживеале клиничка смрт и биле вратени во живот. Ова се искуствата на некои од нив: 
Како да читате книга
Пред неколку години еден од соговорниците заминал на операција, пришто доживеал клиничка смрт и бил мртов неколку минути. Тој вели дека се чувствувал како да лебди, но не видел светлина и скали, не чувствувал глад и студ, туку само спокојство. Размислувал за својот живот, но не го видел како филм туку како лесна книга.
Посета на некој близок и драг
Друг соговорник паднал од мотор и бил клинички мртов кога стигнал в болница. Додека лежел покрај патот чувствувал присуство на некој близок што го охрабрувал. Раскажува дека имал чувство како да сака да заспие, но гласот на неговиот брат, кој удирал во неговиот заштитен шлем не му дозволувал да потоне во сон. Единствената необична работа во сето тоа е што неговиот брат бил веќе неколку години претходно починат.
Градина
Еден соговорник имал блиска средба со смртта по алергиска реакција. Неговото чувство било како да плови низ вода и додека ја губел свеста и се будел имал впечаток дека се наоѓа во некоја градина. Бил исполнет со цвеќе и трева, тука имало и игралиште и две деца – момче и девојче трчале наоколу. Можел да одбере дали сака да остане или да се врати назад, но срцето почнало повторно да му чука по шест минути клиничка смрт. 
Одложување на алармот
Додека бил тинејџер еден од соговорниците бил подложен на хемотерапија.По извесно време неговата состојба се влошила и доживеал клиничка смрт. Неговото искуство го опишал како смирување и обид да се одложи алармот кој ве буди наутро.
Шега
Друг соговорник доживеал срцев удар, пришто неговото срце престанало да чука трипати додека бил во итната медицинска служба. Трипати го враќале во живот, а тој секој пат ќе кажел по една шега и повторно срцето му престанувало да чука. Не почувствувал ништо конкретно, освен чувство како да тоне во сон.
Нема ништо по смртта
По тешка сообраќајна несреќа на мотор, еден соговорник доживеал клиничка смрт, а неговите пријатели успеале да го оживеат по две минути. Тој истакна дека после се немало никаква појава, ниту сништа ниту визија.