Лукаку исфрлен од тимот поради контроверзното интервју

од Nikola Popovski

На напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку воопшто не му е лесно, се чини дека една изјава скапо ќе го чини.

По шокантното интервју за англиските медиуми дека не е среќен во Лондон, најверојатно ќе биде отстранет од тимот.

Томас Тухел брзо реагираше и веднаш по неговата изјава изрази незадоволство од тоа што во јавноста пушта информации кои треба да ја засегаат соблекувалната.

– Томас Тухел размислува да го изостави Ромелу Лукаку од тимот на Челзи за натпреварот против Ливерпул по шокантните коментари кои ги даде во интервју за Скај Италија, објави „Сандеј Телеграф“.

По одличниот старт на сезоната, актуелниот европски шампион моментално е на второто место во англиската Премиер лига со 11 бода помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Работата да биде полоша за Челзи, Ливерпул е на третото место со само бод помалку од „сините“.

Слични содржини