ЛУКАКУ ОРГАНИЗИРАЛ КОРОНА-ЗАБАВА ВО МИЛАНО: Фудбалерот славел роденден, ПОЛИЦИЈАТА интервенирала

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку и неговите 24 пријатели биле пронајдени во хотел во Милано додека го славеле неговиот роденден, соопшти полицијата.

Италијанската полиција наведува дека добиле повик во три часот по полноќ за прослава во хотелот, што е забрането според важечките анти-ковид мерки, пренесе „Фанџеј“.

Сите присутни биле идентификувани и ќе бидат казнети, како и сопственикот на хотелот кој ја организирал прославата, а засега не е познато дали управата на клубот ќе преземе мерки против славеникот и другите играчи на Интер кои учествувале во прославата.

Слични содржини