Лукаревска: СДСМ е партија која мисли и се грижи подеднакво за сите

од Nikola Popovski

Направивме многу, поставивме високи стандарди на одговорно, чесно, транспарентно водење на централните институции но и на општините, постигнат е сериозен напредок и развој во локалните самоуправи, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска на маалска средба заедно со граѓаните на Штип, на која разговараше за работата и проектите.

Според неа, поради ваквата поставеност и ваквиот пристап успеале да реализираат огромен број на проекти од битно и суштинско значење за граѓаните, за унапредување на квалитетот на живеење за сите.

„Затоа зборуваме за најдоброро. Ќе напоменам само неколку кои првенствено вам штипјани ви овозможуваат подобра, побрза и побезбедна поврзаност како: Изградба на автопат Миладиновци – Штип, 47 км. Регионалните патишта Штип-Радовиш и Кадифаково-Штип. Во тек е 2 фаза од експресниот пат Штип- Радовиш и уште низа други инвестици за развој на локалната патна мрежа. Но и детска градинка, нов мост, водоснабдување на населба Македонка, во подготовка е и постапка за водоснабдување на населбите блок 77 и Каваклија. Грижата за граѓаните стана препознатлив печат на политиките на СДСМ. Со адаптација на простор направивме Мал групен дом во Штип за 10 деца а го опремивме и ДЦ Порака. Секако тука е и кашиталниот проект брана на река Отиња. Затоа од вас ја добиваме поддршката затоа што сме партија која мисли и се грижи подеднакво за сите, истакна Лукаревска пред присутните на маалската средба.

Слични содржини