Лукаревска: СДСМ ќе продолжи со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните

од Stefanija Kuzmanovska

СДСМ ќе продолжи со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имаме разновидни мерки и политики и во новата програмска понуда, во новата програма на партијата, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ.

„Горда сум што политиките на СДСМ, зголемената просечна плата, зголемената минимална плата, пензиите, огромниот број на мерки што ги имавме, дадоа резултат и успеавме да обезбедиме и успешното справување со енергетската и корона кризата. Можам да кажам дека ќе продолжиме со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имаме разновидни мерки и политики. Сите овие мерки во дослух со граѓаните, коморите, синдикатите, наведе Лукаревска.

„Се боревме да ја намалиме невработеноста на најниско ниво и успеавме, имаме огромни пакети и во време на криза го положивме тестот, го заштитивме стандардот на граѓани“, додаде таа.

Во делот на даночните политики, истакна дека СДСМ ќе се стреми и понатаму да обезбеди извесност, стабилност и предвидливост на даночниот систем, затоа што тоа не е инструмент на политичките партии туку е потребен поширок консензус.

„Нема да зголемуваме даночни стапки, ниту придонеси, ќе разговараме за даночни ослободувања за да им овозможиме одредени олеснувања на граѓаните. Дигитализацијата е исто така многу значајна за поразвиен даночен систем, во оваа насока ќе ги споменам Е фактура и Е фискализација но имаме и нови мерки кои значат подобар стандард на граѓаните“, објасни Лукаревска.

Слични содржини