333
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша указ со кој се овозможува пренесување на претседателските овластувања на Советот за национална безбедност, во случај да биде убиен или од која било друга причина не е во состојба да ги извршува претседателските должности, соопшти денеска државната агенција БЕЛТА, пренесува „Ројтерс“.
Минатиот месец, Лукашенко објави дека планира да ги промени сегашните механизми на управување во Белорусија, во рамките на кои се предвидуваше премиерот да ги преземе претседателските овластувања во случај претседателот да не биде во можност да ги извршува своите должности.