Лукашенко за намерите на Варшава да започне бунт во Белорусија: „Подготвени сме, нека дојдат“

од Stefanija Kuzmanovska

Минск одамна знае дека Варшава се подготвува да организира нешто како бунт во Белорусија, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„За жал, тие не ги слушаат моите изјави. Пред неколку месеци реков дека се подготвуваат – за востание, за револуција – не знам за што се подготвуваат во Белорусија. Фактот дека се подготвуваат за уште еден бунт, го знаеме одамна. Таму креваат знамиња, цели полкови, баталјони – така го викаат тоа. Знаеме каде се и ги знаеме сите по име. Подготвени сме, нека дојдат!“, изјави Лукашенко за телевизијата „Русија 1“.

Претходно поранешниот заменик министер за национална одбрана на Полска, генерал Валдемар Скшипчак изјави дека Полска се подготвува за вооружен пуч во Белорусија и учество во нејзината воена поддршка.

Слични содржини