Луксузни чоколада за Велигден

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Производителите на чоколада во Беверли Хилс и Холивуд за Велигден подготвija специјални чоколада. Меѓу импресивните и скапи креации има и зајаци со злато од 18 карати.

Директорот на консултантската фирма за храна и ресторани Perspectives/The Consulting Group, Ед Енгорон, вели:

„Индустријата на чоколада во моментов е многу интересна и за купувачите и за производителите, затоа што годинава првпат ќе ја надминеме границата од 100 билиони долари. Тоа е зголемување од околу 8% во последните 10 години. Швајцарците се најголеми конзументи на чоколадо – во просек секој троши по околу 10 килограми годишно. Австријците и Германците следуваат веднаш зад нив со 9 килограми годишно, а Американците конзумираат околу 5 килограми годишно.“

Директорот и косопственик на John Kelly Chocolates, Џон Келсон, е познат во Холивуд по своите рачно изработени чоколада со природни состојки, по ултра луксузните кутии и презентации.

„Имаме многу селебрити-муштерии. Сместени сме во срцето на Холивуд, во Лос Анџелес. Поцентрално и не можеш да бидеш. Голем дел од бизнисот го имаме со филмските студија. Имаме многу познати муштерии кои доаѓаат директно во нашите продавници и купуваат“, објаснува тој.

Производителите се подготвени одамна, купувачите исто така – Велигден  e уште еден убав повод..

Слични содржини