Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната „ASC“ награда

од Vladimir Zorba

Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е оваа, напиша на својот Фејсбук профил Самир Љума, кој заедно со Фејми Даут се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.

Наградата на кинематограферите од „Медена земја“ им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

Најпрестижната награда што може да се додели во светот на кинематографијата е токму „ASC Award“ награда, затоа што ја доделува Асоцијата на кинематографери на Америка (ASC).

„Медена земја“ има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот.

Од „Санденс“ фестивалот си замина со три награди, а „Медена земја“ пред неколку дена ја освои наградата за „Најдобар документарец“ на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк, а Љума и Даут ја добија наградата „Филмско око“ за исклучителни достигнувања во кинематографијата.

Слични содржини