Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека ниту ЕУ, ниту Косово ги почитуваат договорите и ги менуваат постојано правилата, пренесе Танјуг.

“Отидовме во Брисел со однапред одредени теми и само две останаа на масата. Кога почнавме да ги разгледуваме ни беше дадено јасно да сфатиме дека нема да има дискусија на заедницата на српските општини во Косово “, се пожали Вучиќ.

Тој повторно ја повика ЕУ да излегува со појасно позиции во врска со дијалогот меѓу Косово и Приштина или во најмала рака да ги почитува договорите за повеќе од 5 минути.  Тој нагласи дека косовската делегација го почитувала договорот околу 5 минути а може и помалку, или онолку време колку што им било потребно да се симнат од 6 кат на зградата во ЕУ каде се водел преговорите, до призмјето каде ги чекале новинарите за да дадат изјазва сосем спртивна од тоа што се договорило.

Зборовите на Вучиќ доаѓаат како одговор на зборовите на прес-секретарот на Европската комисија Маја Коцијнчич дека Белград и Приштина треба да ја смират реториката и да се воздржат од навредливи пораки.