Мадона со „Toxic“ и го честита роденденот на Бритни Спирс

од desk2
132 прегледи

Популарната пејачка Мадона на својот официјален Инстаграм профил и го честита 36 роденден на Бритни Спирс.

Американската пејачка Бритни Спирс вчера го прослави 36 роденден, а честитка упати и колешката Мадона.

Таа на својот официјален Инстаграм профил објави снимка на која го пее големиот хит на Бритни Спирс „Toxic“.

Таа ја посвети изведбата и на Светскиот ден за борба против СИДА кој беше во петок истакнувајќи дека молчењето значи смрт.

Американските медиуми пишуваат дека со овој потег славната пејачка направила многу повеќе во подигнувањето на свеста отколку што тоа го направил американскиот претседател Доналд Трамп.

Снимката на Мадона прегледана е повеќе од 400.000 пати.

https://www.instagram.com/p/BcLNaulhaAK/?taken-by=madonna