Мајка на кошаркарка упадна во директен пренос, Шек: Проклетсво, колку е добра (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот Шекил О’Нил е најголемата sвезда на кошаркарското шоу на ТНТ, а тој статус го потврдува со секоја нова епизода.

Пред неколку дена, Шек повторно ја насмеа публиката. Овој пат, тој јавно рече на кошаркарката на Бејлор, ДиДи Ричардс дека има „добра мајка“.

Ричардс ја покани својата мајка во преносот во живо за да го поздрави тимот во студиото предводено од Кендис Паркер, а Шек реши да и даде комплимент на гордата мајка.

„Имам нова веб-страница наречена – проклетство, мајка ти е добра“, изјави Шек и ги насмеа сите во студиото, како и самата гостинка.

Слични содржини