Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

од desk2
62 прегледи

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два милиона долари за помош на загрозените по ударот на ураганот Флоренс во Северна Каролина.

Џордан израснал и ги направил првите чекори во кошарката во Вилмингтон, градот што е меѓу најпогодените од ураганот. Сопственикот на кошаркарскиот клуб Шарлот Хорнетс одлучи да донира милион долари за Црвениот крст и еден за фондацијата која ќе им помогне на граѓаните.

– Добро е чувството кога имате како да помогнете. Јас сум еден од среќниците кои направиле неверојатна кариера. Сега се чувствувам уште подобро, оти можам да им помогнам на луѓето во мојот роден крај, изјави Џордан, кој инаку и играл кошарка на колеџ вo Севернa Каролинa.

Toj планира и да го посети својот крај во најблиска можна иднина.