Мајкрософт: Кинески хакери имале пристап до владини мејлови во Западна Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Кинески хакери тајно пристапувале до сметките на е-поштите на приближно 25 организации, вклучително и владини агенции во Западна Европа, соопшти денеска „Мајкрософт“.

Во соопштението се додава дека зад оваа шпионажа стои хакерската група Storm-0558, која е поврзана со кинеската држава, пренесува „Ројтерс“.

Кинески хакери фалсификувале дигитални токени за да го автентицираат пристапот до е-пошта до услугите на Microsoft Outlook, а нивната активност започна во мај, тврди американската компанија со седиште во Редмонд.

„Мајкрософт ги контактираше засегнатите организации преку своите администратори и им достави важни информации кои ќе им помогнат да го истражат и да одговорат на овој настан“, се вели во соопштението.

Американската корпорација не прецизираше кои организации или влади биле цел на кинеските хакери, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини