Македонскиот шампион Баскет Кам ја освои Балканската лига

од Симе Стоиков

Актуелниот македонски женски кошаркарски шампион, екипата на Баскет Кам е освојувач на премиерната сезона во Балканската лига.

Екипата од Македонска Каменица до трофејот дојде како победник на последниот турнир од ова ново натпреварување во кое свое учество во премиерната сезона, освен македонскиот првак, земаа екипи од Србија, Црна Гора и од БиХ.

Согласно со однапред утврдениот систем за натпреварување, оваа премиерна сезона во Балканската лига беше поделена на неколку турнири, со „домаќинства“ на сите учесници. А согласно со резултатите во претходните три, финалниот турнир во Белград ја детерминираше и најдобрата екипа за оваа натпреварувачка сезона.

Во натпреварот кој беше и своевидно финале на сезоната, Баскет кам стигна до сигурен триумф против домаќинот на овој последен собир, екипата на Раднички од Белград со резултат (72:59).

Триумф вреден прво место на турнирот и воопшто во првото издание на ова балканско натпреварување во женска сениорска конкуренција.

Слични содржини