Македонските војници со две кучиња почнаа потрага низ урнатините во Турција

од Nikola Popovski

Тимот од АРМ за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, пристигна во погодените подрачја од земјотресот во Турција и веднаш започна со помош.

Од АРМ велат дека војниците на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата, како и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.

-Надеж дека во текот на пребаруѕвањето ќе се спасат човечки животе каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди, соопштија од Армијата.

Покрај нив, во Газиантеп се и тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од 40 лица.

Слични содржини