Макрадули: Огласот се однесува на оние поштари кои веќе работат и разнесуваат пошта

од Nikola Popovski

Директорот на Македонска Пошта, Јани Макрадули ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека партиски вработува и ја празни државната каса со огласот за вработување на 280 поштари.

Според него, огласот се однесува на оние поштари кои веќе работат и разнесуваат пошта.

„Во интерес на вистината, а по изнесените лаги од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, важно е да се нагласи дека не станува за отворање на нови работни места и дополнителни финансиски трошоци на компанијата, бидејќи во моментов овие позиции ги извршуваат лица на кои им истекуваат договорите за вработување, а кои досега беа склучувани на определено работно време. Со цел непречено овозможување на услугите, особено земајќи предвид дека А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ е давател на универзална поштенска услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, како и дополнителна транспарентност и отвореност, компанијата за овие позиции распишува јавен оглас за работна позиција – пошторазнесувачи, на неопределено работно време, кој е отворен за секој заинтересиран граѓанин“, соопштил Макрадули.

Тој дополнува дека овој оглас бил првично распишан во текот на месец февруари 2020 година, но не е реализиран, поради насоките и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заради почитување на законските прописи.

Слични содржини