Кох Ронг е остров во Камбоџа кој е многу мал, но се одликува со плажи со мек бел песок.

Некои од нив носат по две имиња, оригинално кмерско и англиско име.
Од плажа до плажа ве возат чамци, кои можат да се изнајмат ако брановите не се големи, а до некои од нив може да се стигне и пешки.

Уште не е многу популарно место за туристи, па постојат бројни плажи на кои времето можете да го поминете потполно сами.

Инаку, островот е познат и по „светлосните бранови“, односно по феноменот цутење на планктони, кои на брановите им даваат магична боја.