Малолетник прегази и усмрти жена на „Пластичарска“

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата излезе со детали за сообраќајната несреќа во која денеска загина 47 годишна жена кај „Пластичарска“.

-На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје.

Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

Ова е втора сообраќајна незгода во која настрадал пешак во период од два дена на истото место.

Слични содржини